Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона доби нова позитивна пресуда: Олмо и Виктор достапни за Флик до крајот на сезоната

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Фудбалскиот клуб Барселона доби нова позитивна пресуда од Шпанскиот спортски суд и ќе може да смета на двајца фудбалери до крајот на сезоната.

Дани Олмо и Пау Виктор се во фокусот поради проблемите со регистрирање играчи на Барса, за што Ла Лига донесе нова одлука со која двајцата фудбалери немаат право на регистрација и според тоа нема да можат да играат во продолжението од сезоната.

Денеска, таа одлука повторно е ставена во мирување и Олмо и Виктор добиле можност да бидат дел од првиот тим на Барса, исто како што беше и со претходната пресуда по првата акција на Ла Лига.

Иако последниот датум беше 31-ви декември 2024-та година, Барселона продажбата на ВИП седишата на „Камп Ноу“ ја реализираше со големо задоцнување и наиде на разбирање од судовите и шпанската федерација, но бидејќи Ла Лига од прв момент се противеше на целиот расплет, достави официјална тужба и го поништи целиот процес.

Ла Лига преку својот претседател Хавиер Тебас потенцира дека Барселона нелегално ги пријавила и регистрирала Олмо и Виктор за вториот дел од сезоната, па поради направениот прекршок, сега и одредува и намален буџет за издвојување плати за следната натпреварувачка сезона.

Оваа одлука на Ла Лига се должи како резултат на спорната операција која ја реализираше претседателот Жоан Лапорта, а истата доаѓа речиси три месеци по комплетирање на истата.

Важната фудбалска организација во Шпанија ги поништи сите документи кои биле доставени за активирање на Олмо и Виктор, па двајцата пак се водеа за нерегистрирани играчи од страна на Ла Лига.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни