Поврзете се со нас

Евролига

Барселона доби лекција од Зенит, Јасикевичиус ја презема одговорноста: Не си ја завршив работата…(ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Зенит и одржа лекција на Барселона (74-61) и се избори за мајсторска во оваа четвртфинална плејоф серија во Евролигата.

Рускиот претставник доминираше на денешниот меч во својот дом, водеше од почеток до крајот и сосема заслужено закажа петта решавачка битка која на 4 мај ќе се одигра во „Палау Блауграна“. Пенгос беше вистински лидер со 22 поени на кои придодаде 8 асистенции, добра помаш беа и Појтрес со 12 и Холинс и Блек со по 11 кошеви.

Кај Барса најсветла точка беше плејмејкерот Калатес со 19 кошеви, а по средбата одговорноста за поразот ја презема тренерот Шарунас Јасикевичиус.

-Повеќе од очигледно е дека како тренер не сум ја завршил добро својата работа, тоа е моја одговорност. Ќе се обидам повеќе да допрам до моите момци во петтиот натпревар, -истакна популарниот Шарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни