Шпанија
Барселона доби добри вести за Олмо и Виктор, Лапорта бурно ја прослави одлуката (ВИДЕО)
Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона доби добри вести за Дани Олмо и Пау Виктор, двајца играчи за кои многу се говореше во изминатиов период.
Проблематична беше нивната регистрација или поточно клубот не успеа до крајот на годината да ја заврши процедурата, Барселона беше одбиена од Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија, па беше доставена жалба до Врховниот Совет за Спорт.
На Барса и е дозволена привремена регистрација на Олмо и Виктор што значи дека почнувајќи од утре тие ќе му бидат на располагање на тренерот Ханси Флик. Додека трае целиот процес, се разгледува жалбата, Олмо и Виктор ќе можат да настапуваат за каталонскиот великан.
Во своето објасување ЦСД посочува дека неусвојувањето на оваа мерка на претпазливост би предизвикало сериозна економска и спортска штета на клубот и пред се на фудбалерите, но исто така може да им наштети на интересите на шпанскиот национален тим, како и на останатите национални натпреварувања, вклучително и Ла Лига.
Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта беше многу среќен по добиената битка, а за тоа говори и неговата реакција.
🎥 | President Laporta looking extremely happy after securing the registrations of Olmo and Pau Victor. #fcblive pic.twitter.com/qJw2CVUKL8
— BarçaTimes (@BarcaTimes) January 8, 2025
🤯 CELEBRACIÓN HISTÓRICA de LAPORTA 🤯
‼️ GRITO y CORTE DE MANGAS tras la inscripción de Dani Olmo.
📹 IMAGEN @elchiringuitotv. pic.twitter.com/4NXutiXvFO
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 8, 2025
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!