Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона детално го прегледа Дембеле, Лапорта доби сериозна причина да не му го продолжи договорот!

Објавено

на

Усман Дембеле многу рано стави крај на Европското првенство и си го напушти тимот на Франција, откако заработи непријатна повреда на натперварот против Унгарија со која одново си ги наврати лошите спомени.

Крилниот фудбалер за првпат заработува една сериозна повреда во репрезентацијата, нешто на што за жал навикнаа фановите на Барселона, кои сега сведочат на 11-та тешка повреда на Французинот откако пристигна на „Камп Ноу“.

Дембеле денеска се појавил во клупските простории на Барселона и бил прегледан од лекарите на клубот, по што било донесено одлука да подлегне на нова операција.

Станува збор за кинење на тетивата на бицепсот на десната нога која е во врска со коленото, а бидејќи станува збор за нависитна специфичен проблем, Усман многу брзо ќе замине под нож и ќе му биде направена хируршка интервенција.

Барселона во официјалното соопштение и откри на јавноста дека фудбалерот се согласил на нов оперативен зафат, а во најдобар случај, ќе паузира најмалку четири месеци.

Со овој нов голем шок, Барселона сега сериозно ќе размисли дали ќе му го продолжи договорот на фудбалерот чиј договор истекува на крајот на наредната сезона. Жоан Лапорта му достави понуда пред неколку месеци, Французинот првата ја одби, па сега има големи шанси да си оди како слободен агент наредната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни