Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона дефинитивно остана и без Белерин, Араухо имал успешна операција (ФОТО)

Објавено

на

Барселона и тренерот Чави Ернандес ќе мораат да ја „крпат“ одбраната во наредниот период со оглед на сите проблеми, листа на која сега официјално е додаде Ектор Белерин.

Десниот бек има проблем со мускулот на левата нога и го очекува пауза од терените. Клубот не даде одговор за тоа колкаво ќе биде отсуството на Белерин, но според шпанските медиуми истото ќе биде меѓу 2 до 4 недели.

На овој начин летното засилување им се приклучи на Жил Кунде и Роналд Араухо кој пак утрово имаше успешна операција во Финска и ќе може да го започне процесот на закрепнување.

Освен оваа одбранбена тројка повредени се Френки Де Јонг и Мемфис Депај, па Чави ќе има доста главоболки пред престојниов период во кој екипата има двомеч со Интер, дерби со Реал и уште неколку тешки натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни