Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона без отштета се откажа од фудбалер кој имаше договор до следното лето

Објавено

на

foto: https://twitter.com/sergino_dest

Барселона денеска потврди дека договорила трансфер на еден од своите фудбалери, кој заминува од шпанскиот клуб без отштета.

Се работи за американскиот интернационалец Сержино Дест, кој е испратен во редовите на ПСВ Ајндховен без отштета иако имаше уште една година од договорот со Барса.

Каталонците и холандскиот клуб се согласиле во договорот да вметнат клаузула според која Барселона ќе добие процент од евентуалниот следен трансфер на Дест.

Дест минатата сезона играше како позајмен играч во ПСВ, но холандскиот клуб се повлече од најавеното откупување на неговиот договор за 11 милиони евра, затоа што фудбалерот заработи посериозна повреда на коленото.

Американскиот интернационалец ќе ја продолжи рехабилитацијата во холандскиот клуб, а со ПСВ потпишал договор до 2028 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни