Барсегјан: На домашен терен можеме да се носиме со секого

Vardar-Fener1

Екипата на Вардар е во завршни подготовки за првата и историска средба во групната фаза на европските купови, поточно за средбата против Зенит во рамките на Лига Европа.

Истата се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, а пред неа оптимист е голгетерот на вардарци, Тигран Барсегјан. Тој верува оти тие имаат се што е потребно да се надигруваат и да му се спротистават на рускиот претставник.

-Низ досегашните натпревари во Европа, покажавме дека имаме добар тим и дека можеме да се носиме со секого. Особено на домашен терен каде што остваривме три победи во исто толку натпревари. Се надеваме дека таа серија ќе продолжи и против Зенит. Играме против многу силна екипа, но така беше и со Фенербахче, па ние победивме и на двата натпревари. Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат, -вели Барсегјан и додава:

-Повеќе публика, тоа подобро за нас. Тие се нашиот 12-ти играч, ни даваат мотив да играме и да се претставиме во најдобро издание. Ние ќе им се оддолжиме со максимална игра и се надевам на крајот со победа. Дојдовме до групната фаза, и сега треба да мислиме како да освоиме што повеќе бодови во натпреварите кои претстојат. Исто така во овој натпревар влегуваме во добра серија од пет победи која се надеваме и посакуваме да продолжи, -рече Ерменецот.

Facebook Коментари