Шпанија
Барса се врати на врвот, Флик не е импресиониран: Не сум задоволен од тоа што го видов

Поради насобраниот број натпревари во краток временски интервал, Ханси Флик знае да поштеди дел од фудбалерите кои редовно се во стартната постава, па така Германецот правеше свои комбинаторики на гостувањето на Гран Канарија против Лас Палмас.
Тимот кој им нанесе тежок пораз во првиот дел од сезоната повторно се покажа како цврст орев за каталонците, но овојпат два ефектни голови од Олмо и Торес ги решија проблемите за Ханси Флик.
Барселона не игра убаво и течно на последните неколку меча и издвои три тешки победи против Алавес, Рајо Валјекано и Лас Палмас, по што и самиот Ханси Флик призна дека резултатот била најдобра вест од синоќешниот меч.
– Не одигравме добар натпревар, не сум задоволен од тоа што го видов. Најважно е што победивме 0:2 и со три бода работите изгледаат многу подобро.
– Не игравме онака какошто сакавме, на полувреме зборевме за одредени движења и позиционирања на теренот. Среќен сум за трите освоени бода, но не и од нашето издание. Има изморени фудбалери, но остануваме во чекор со останатите и повторно сме лидери во Ла Лига. Тоа е во ред, но мора да бидеме подобри и да напредуваме на наредните натпревари, – изјави Флик.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)