Поврзете се со нас

Шпанија

Барса се мачеше, сензационалниот Јамал понуди ремек-дело во стилот на Меси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Ламин Јамал ќе наполни 17 години во месец јули, но суперталентот на Барселона игра фудбал како да има најмалку десет години повеќе и со своето знаење ја воодушевува цела јавност на Пиринеите.

Барселона одново не одигра брилијатен меч и се мачеше против Мајорка, но Јамал ја направи пресудната разлика и режираше ремек-дело со кое донесе победа за фаворитот.

Каталонскиот великан не можеше да го пробие бедемот пред голот на Рајковиќ и Гундоган не реализираше и пенал во првото полувреме, па на крајот се се сведе на магијата на 16-годишниот тинејџер.

Ламин постигна гол во стилот на Лео Меси и мајсторски ја смести топката во мрежата на Рајковиќ откако претходно го „измрда“ својот чувар, а голот во 73-та минута се покажа како доволен за нови три бода.

На овој начин, Барса се погрижи за добра увертира за осминафиналниот реванш против Наполи во Лигата на шампионите, натпревар на кој каталонците ќе имаат голем број проблеми поради повредени фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни