Барса го подготви дресот за наредната сезона, фановите ужаснати од револуцијата (Фото)

barsa-psv

Барселона го победи ПСВ со 4:0 на домашен терен и на најдобар можен начин ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите, а во моменти кога фановите на каталонскиот гигант останаа воодушевени од уште едно маестрално издание на Меси, во јавноста се појави дизајнот на новиот дрес кој ја наруши цела позитивна атмосфера.

Каталонските весници „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ и го претставија новиот дрес на Барселона за наредната натпреварувачка сезона, а мора да се напомене дека првичните реакции меѓу фановите на клубот се навистина лоши. Навивачите на Барса се ужаснати од револуцијата која ќе доминира на новиот дрес, односно коцкестите детали во стилот на хрватската фудбалска репрезентација.

Воведувањето на ваков тренд всушност значи комплетна револуција и оттргнување од досегашната традиција, а иако управата веќе дала зелено светло на „Најк“ за изработка на дресот, не е исклучено истата да биде стопирана бидејќи при првичните анкети, фановите на Барселона го оценуваат дизајнот на дресот со ужасни коментари.

Facebook Коментари