Поврзете се со нас

Евролига

Барса доби уште една битка со Реал, Милано ја сруши ЦСКА и го презема второто место (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Барселона полека станува вистински кошмар за вечниот ривал Реал Мадрид кого вечерва го совлада во Евролигата со 81-76 и со тоа дојде до учинок од четири победи во петте меѓусебни пресметки во актуленава сезона со тоа што сите четири се во низа.

Дуелот во Мадрид беше неизвесен, ништо не беше решено до самиот крај, последната четвртина во која Барса го потврди 21. триумф во европското натпреварување. Четворица играчи кај каталонците беа двоцифрени, број еден беше капитенот Ориола со 18 кошеви и 6 асистенции.

На спротивната страна листата на стрелци ја преводеше Дек со 17 поени.

Милано пак се избори за триумф во Москва против ЦСКА од 84-76 и на тој начин дојде до втората позиција на табелата. Неверојатен беше Пантер со 32 поени, Шилдс додаде 14, а Ледај 12 поени.

Џејмс и Шенгелија за домаќините искомбинираа 41 поен.

Останати резултати:

Црвена Звезда-Химки 92-81

Асвел-Алба 89-95

Панатинаикос-Макаби ТА 81-63

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни