Поврзете се со нас

Италија

Барони за клучниот момент на „Сан Сиро“: Тој е еден од тие играчи…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Лацио го совлада Милан со 2-1 и дојде до позицијата четири во италијанската Серија А, позиција која води во Лигата на шампионите во наредната натпреварувачката кампања.

Лацијалите упатија преку 20 удари, но до победата дојдоа во последните моменти кога се изборија за удар од 11 метри, а одговорноста ја презема ветеранот Педро Родригез.

Некогашниот шпански репрезентативец остана мирен, спокоен и го испрати голманот на домаќините на другата страна, тој стрелашe на спротивната за три големи бода во 98 минута.

-Кога се изведува пенал, знаете дека се може да се случи, но Педро е вистинскиот човек да ја земе топката, па се чувствував многу самоуверен. Никогаш не греши од белата точка на тренинг, но вели и дека е важно само кога не грешиш на стадион полн со луѓе. Тој е еден од тие играчи, -истакна тренерот Марко Барони.

-Педро беше совршен човек да изведе пенал во 98. минута, бидејќи тој е шампион и има освоено. Задоволни сме, сите работеа навистина напорно, горд сум на тимот, рече пак Матија Закањи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни