Поврзете се со нас

Италија

Барони по поразот на Лацио: Го видов вистинскиот менталитет, мораме…

Објавено

на

foto:x.com/OfficialSSLazio

Лацио игра променливо во Серија А во последно време и тоа уште еднаш се потврди вчеравечер против Фиорентина каде домаќините дозволија да бидат поразени на „Олимпико“ со 2-1.

„Виолетовите“ допатуваат со Рим со една лоша серија на резултати и последен триумф во шампионатот дури во декември, но покажаа карактер, се снајдоа на жешкиот терен и ги освоија трите бода, а со тоа ги разочараа сите домашни фанови.

-Штета, бидејќи рано дозволивме два гола што можеа да се избегнат, но јас ќе се држам цврсто до настапот во вториот дел. Имавме шанси кои не ги искористивме, но тимот играше одлучно, создаде можности и секако сме тажни поради резултатот, но тоа се ситуации кои мора да не направат посилни. Го видов вистинскиот менталитет, па дури и квалитет во второто полувреме, па треба да се надоврземе на тоа, -рече предводникот на лацијалите, Марко Барони кој смета дека екипата мора да покажа баланс и да нема разлика со резултатите кои клубот ги има во тековнава сезона во Лига Европа.

-Тоа е нешто што треба да го подобриме, бидејќи е прекрасно да се игра во Европа и не сакам да се користи како алиби. Сакам да одиме што подалеку и тоа значи уште многу натпревари. Треба само да бидеме поконцентрирани и повнимателни на деталите, бидејќи примаме голови без противниците да мораат да работат толку напорно за да создаваат шанси. Претпочитам да го задржам мојот оптимизам и второто полувреме беше одлично во секоја смисла, погледнав во статистиката, создадовме толку многу. Не сакам да зборувам за среќа, но со малку поголема острина, можевме да го вратиме овој меч на вистинскиот пат, -подвлече Барони.

Следно за Лацио е соочувањето со Брага, а потоа и гостувањето кај Калјари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни