Поврзете се со нас

Италија

Бароне: Сакаме да имаме чиста слика со Влаховиќ, Фиорентина има иднина

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Фиорентина и понатаму не може да затвори една големо прашање, иднината на напаѓачот Душан Влаховиќ.

Србинот е најдобриот стрелец и играч на „виолетовите“, играч за кој се заинтересирани доста клубови од кои некако во прв план се издвојуваат Арсенал и Јувентус. Медиумите говорат за одредени понуди, понудени суми, но во моментов нема ништо пристигнато на „Артемио Франки“ од каде бараат одговор, јасна слика од самиот играч и неговите претставници.

-За ова зборуваме секој ден, неодамна многу кажавме. Фиорентина нема добиено никакви понуди. Бевме многу јасни, отворени сме за се, но сакаме јасност.

-Сакаме јасност од играчот и неговите претставници. Фиорентина има иднина која не е само денешниот натпревар, туку и иднина како група, база на навивачи, град. Треба да се концентрираме и на тоа, -порача директорот на Фиорентина, Џо Бароне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни