Поврзете се со нас

Англија

Барнс со трансфер предлог за „црвените“: Тој е идеално засилување за Ливерпул

Објавено

на

Некогашниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул, Џон Барнс има трансфер предлог до Јирген Клоп и „црвените“ од „Енфилд Роуд“.

Актуелниот англиски шампион има доста проблеми во одбраната во оваа сезона, а тоа се должи на повредите на неколку важни играчи. Поради тоа многумина навивачи и експерти сметаат дека Ливерпул треба да се активира на пазарот и донесе нов стопер, а со тоа се согласува и Барнс кој како идеално решение го гледа Дајо Упамекано од РБ Лајпциг.

Французинот е супер интересен за многу топ клубови, меѓутоа „биковите“ не сакаат да се откажат од него не барам на средина на табелата и затоа Џон не е голем оптимист дека Ливерпул може да затвори ваква зделка во јануарскиот преоден рок.

-Сите врвни екипи го гледаат (Упамекано), а причината за тоа е што е еден од најдобрите централни деванзивци на светот. Ќе беше подобро да беше на располагање сега во јануари, бидејќи на крајот на сезоната можеби нема да ни требаше стопер или да ги имаме проблемите што сега ги имаме. Ако доведеме дефанзивец на краток рок, тогаш ќе имаме уште еден заедно со сите други што ќе бидат достапни следната сезона.

Чувствувам дека ако некој врвен играч стане достапен, секој тим ќе го гледа, не само Ливерпул. Истото е и со Кулибали во Наполи, тој исто е баран од многу клубови. Но, да, Упамекано би бил одлично засилување за Ливерпул. Тој е млад, многу талентиран и вистински профил на играч што треба да го гледаме.

-Би бил одлично засилување ако можеме да го добиеме затоа што него го следат и другите клубови, -истакна Барнс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни