Англија
Барнс сигурен изведувач на најстрогата казна, Барнли ја прекина неверојатната серија на Ливерпул (Видео)

После речиси цели четири години, Ливерпул го претрпе првиот пораз на домашен терен во домашната Премиер лигата, со што направи уште еден чекор назад во битката за титулата и потврди дека се наоѓа во посериозна резултатска криза од тоа што говори Јирген Клоп.
Актуелниот англиски првак го претрпе третиот сезонски пораз во кампањата во која ја брани титулата, откако вечерва не ги искористи своите големи шанси за гол, а потоа брутално беше казнет во самата завршница.
Барнли минатата сезона беше единствениот тим кој остана непоразен на гостувањето кај Ливерпул и освои бод, а оваа година отиде чекор повеќе, односно оствари победа на „Енфилд Роуд“ и ја прекина неверојатната серија на избраниците на Јирген Клоп.
Последен на овој стадион победи Кристал Палас на 23-ти арпил 2017-та година, а после речиси четири години и 68 натпревари подоцна, трите бода ги однесе тимот кој го предводи Шон Дајч. Барнли успеа да се одбрани од сите налети на домаќините, а во 83-та минута доби пенал и истиот го материјализираше Барнс за водство од 0:1, што на крај се покажа како конечен резултат.
Во споменатите 68 натпревари, Ливерпул оствари 55 победи и забележа 13 реми средби, но вечерва конечно стигна и поразот, но во доста комплицирано време и во ситуација кога „црвените“ веќе пет меча не знаат за победа во Премиер лигата.
Поради тоа, шампионот сега има шест бодови заостанување во однос на лидерот Манчестер Јунајтед и четири во однос на Лестер и Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.

- Англијапред 18 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 14 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 13 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 19 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 17 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 14 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 11 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 13 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…