Поврзете се со нас

Англија

Барнс: Ливерпул не треба да ја добие титулата ако нема…

Објавено

на

Џон Барнс е име кое им е добро познато на сите навивачи на Ливерпул, играч кој е клупска легенда со оглед на тоа што на „Енфилд Роуд“ мина десет години, период во кој освои доста титули на домашната сцена меѓу кои и две лигашки.

Токму Барнс беше дел од последниот состав на Ливерпул кој триуфираше во шампионатот и тоа во 1990 година, сезона во која постигна 22 голови. Сега по три децении „црвените“ се на добар пат одново да се радуваат на пехар во ПЛ, меѓутоа пандемијата со коронавирусот направи многу проблеми и сега се поставува прашањето како и дали ќе може да биде комплетирана, завршена актуелната кампања.

Барнс смета дека треба се да биде рагуларно, да има клубови кои ќе бидат прмовирани и тимови кои ќе испаднат од елитата, односно ако тоа не е така Ливерпул не треба да ја добие титулата.

-Ако нема екипи кои ќе бидат промовирани и испаднати, тогаш Ливерпул не треба да ја добие титулата, -вели Барнс кој смета дека фудбалот треба да продолжи само ако се е безбедно за играчите.

-Очигледно зборуваме за големи пари, многу пари, но тоа е ако играме натпревари. Ние не зборуваме за тоа. Зборуваме за тоа кога играчите ќе можат да започнат да тренираат безбедно, на дистанца. Можеме да го сториме тоа веднаш. Друго прашање е кога можеме повторно да почнеме да играме и според мене, треба да одвоиме време. Без разлика колку време ќе треба.

-Или ќе кажеме дека никогаш повеќе нема да играме или можеме да играме, без разлика дали тоа е една година, две години, што и да одлучиме, зошто тогаш не можеме да ги завршиме деветте натпревари, а потоа веднаш ќе ја започнеме следната сезона ? Играчите ќе имаат одмор од три, четири, пет месеци, шест месеци.

-Нема потреба да имате повеќе одмори, одете директно во следната сезона со тимовите што треба да испаднат и тимовите што треба да се промовираат, -заврши Џон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни