Поврзете се со нас

Англија

Барнс: Јунајтед сега е како стариот Ливерпул, не можат да донесат играчи од светска класа

Објавено

на

Манчестер Јунајтед се мачи да биде конкурентен и во трка за титулата во Премиер лигата по заминувањето на легендарниот сер Алекс Фергусон.

Се сменија неколку тренери за да сега редот му дојде на легендата на клубот Оле Гунар Солскјер кој како тренер имаше неколку одличи периоди, меѓутоа фали конзистентност низ цела сезона за да може да се нападне самиот врв на табелата.

Нормално на Јунајтед му се потребни и нови имиња кои можат да направат разлика, а со тоа да им се приближат на Ливерпул и Манчестер Сити кои се најдобрите состави во Англија во последниве години. Се споменуваат доста имиња, но според поранешниот англиски репрезентативец, Џон Барнс клубот од „Олд Трафорд“ мора да биде внимателен и да не носи засилувања, поточно треба внимателно да бира што прави.

Според Барнс кој е легенда на Ливерпул, тимот од Манчестер во моментов изгледа како стариот Ливерпул, поточно тим кој не може да донесе играчи од светска класа, играчи кои ги посакува.

-Со Јунајтед, не станува збор за бројот на играчи што треба да ги купат, повеќе станува збор за квалитетот на играчите што можат да ги доведат. На пример пред 10 години, Ливерпул потпиша голем број на играчи, но никој од нив не го направи посилен Ливерпул, тие не беа добри засилувања за долгорочната иднина на клубот.

-Клубовите сега ќе одолеат да носат засилувања само за да донесат засилувања, на долг рок тие нема да го подобрат тимот. Во тековната фаза во која се наоѓа Јунајтед, тие не се во позиција да дојдат до квалитетот на засилувањата кои ги посакуваат, затоа што тие играчи нема да сакаат таму да одат. Тие треба да се фокусираат повеќе на играчите кои сега ги имаат на располгање и да работат на нивно подобрување.

-Имаат некои добри играчи како Погба, Рашфорд, Фернандеш, ама тие треба да ја обезбедат хармонијата во клубот и во тимот. Можам да кажам дека Јунајтед треба да потпише четворица играчи од светска класа, но тие тоа нема да го добијат, не со сегашната позиција на клубот. Потребна да ја усогласат хармонијата во тимот, тоа се уште го немаат направено, тоа се случи во Ливерпул, -порача Барнс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни