Поврзете се со нас

Англија

Барнли се засили со фудбалер на Челси

Објавено

на

Фото: www.burnleyfootballclub.com

Екипата на Барнли ќе се бори за опстанок во англиската Премиер лига, а менаџерот Венсан Компани е свесен дека мора да го засили тимот во актуелниот преоден рок за амбициите да бидат реални.

Денеска и официјално Барнли е засилен со Давид Фофана, фудбалер на Челси кого фановите веќе и го подзаборавија со оглед на бројот на нови фудбалери кои пристигнаа во Лондон по доаѓањето на новите сопственици.

Фофана е 21-годишен напаѓач кој пристигна во Челси од Молде на почетокот на минатата година, а по една полусезона во редовите на премиерлигашот, сезонава беше испратен на заем во редовите на Унион Берлин.

Челси му го скрати престојот во Германија за сега да го испрати на заем во редовите на Барнли, каде би требало да добие и поголема минутажа и можност да го потврди својот потенцијал.

Фофана забележа 17 настапи за бундеслигашот, а постигна и гол против Наполи во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни