Поврзете се со нас

Англија

Барнли преработи легендарен хит за да го промовира засилувањето од Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BurnleyOfficial

Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден се очекува да го потврди ангажманот на Мануел Угарте од ПСЖ, но во меѓувреме, работи и на другиот дел од трансфер пазарот кој е резервиран за продажба на прекубројни фудбалери.

Ерик Тен Хаг даде јасни инструкции за продажба на играчите кои најчесто заминуваа на позајмици во последно време, па откако клубот инкасираше средства за Ван де Бек, Пелистри, Гринвуд и Камбвала, сега дојде ред да се продаде и Ханибал Межбри.

Тунижанецот зварши со своите едногодишни излети со последната позајмица која ја имаше во Севилја, бидејќи сега направи перманентен трансфер во редовите на Барнли.

Англискиот клуб му овозможува да биде важен дел од првиот тим кој ќе се бори за експресно враќање во Премиер лигата, па за очекување е Ханибал да добие далеку повеќе шанси за докажување во Чемпионшип.

Трансферот изнесува вкупни 9 милиони фунти и Јунајтед може да заработи на идна продажба, а за да биде уште поинтересно, Барнли реши да го претстави со преработка на легендарниот хит на „Оезис“ – Вондервол.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни