НБА
Баркли за Џордан: Тој ми беше како брат 20 години, сега…
Чарлс Баркли е една од големите НБА легенди кои по завршувањето на кариерата е доста активен со своите коментари, анализи за сите актуелни случувања, а со оглед на тоа што сега топ тема е документарецот „Последниот танц“ посветен на Мајкл Џордан и славната генерација на Чикаго Булс тој отворено протовори за својот однос со Ем-Џеј.
Баркли и Џордан долго време беа во супер однос, беа големи пријатели, но сега не е така и поранешниот ас на Феникс Санс не верува дека можат да се смират.
-Toj човек ми беше како брат 20 години. Навистина ми е жал што веќе не сме во добри односи. Тој за мене е најдобар кошаркар на сите времиња и му посакувам се најдобро, ама не постои ништо за да јас го поправам тој однос. Го има мојот број, може да ме повика, -истакна Баркли кој е во лош однос со Ем Џеј откако пред неколку години го критикуваше неговото работење, водење на Шарлот Бобкетс.
-Она што најмногу ми пречи во целата работа е што мислам дека не реков ништо лошо. Јас сум прилично сигурен дека реков „Колку и да го сакам Мајкл, се додека не престане да ангажира „газолизачи“ и негови најдобри пријатели, тој никогаш нема да биде успешен како генерален менаџер. Тоа што ме изнервира е што подоцна истото го кажа и Фил Џексон.
-Кога сте славни и Мајк беше најпознатиот човек на светот во еден момент, сите сакаат да имаат корист од вас. И заради тоа, никој не е искрен со вас.Мислам дека тоа беше една од причините што се дружевме. Јас секогаш бев директен кон него. Не можам да кажам дека тој направи одлична работа како шеф на Шарлот Бобкетс, тоа би било нечесно, -заклучи освојувачот на две златни олимписки медали.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)