Поврзете се со нас

НБА

Баркли со црна прогноза: НБА лигата нема да се врати

Објавено

на

blank

Рестартот на НБА лигата е закажана за крајот на овој месец во сосема поразлично издание од она на кое сме навикнати, но додека тимовите се подготвуваат за возбудувањата кои ќе ги оттргнат фановите од црните мисли за коронавирусот, легендарниот Чарлс Баркли се истакна како голем песимист.

Легендарниот игра и актуелен аналитичар на НБА лигата смета дека најсилната кошаркарска лига во светот нема да се врати на програмата, бидејќи шансите да се создаде нов голем бран меѓу играчите е огромен.

Баркли го потенцира фактот поради тоа што планот е НБА лигата да се доигра во областа Флорида која во овој момент е една од најпогодените од КОВИД – 19 заразата, па негова прогноза е дека тимовите воопшто нема да започнат со натпреварите во Орландо.

– НБА лигата нема да се врати, немаме никаква шанса да го доиграме ова. Многу ме боли што го кажувам ова, знам дека многу луѓе кои ги познавам ќе ги загубат работите и ќе имаат големи последици во иднина. Факт е дека вирусот се распространува и Флорида во овој момент е најлошо место во светот.

– Планот е 22 тима да се доведат во Орландо, градот каде во последно време има најмногу заразени. Не гледам како би играле три месеци без да имаме нов бран заразени меѓу играчите, тоа е невозможно, – смета Баркли.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни