НБА
Баркли распали по еден член од американскиот „дрим-тим“: Треба да се засрами
Џоел Ембид се најде на удар од американските медиуми за очигледно лошата комуникација која ја има со соиграчите од „дрим-тимот“, но и поради лошата физичка состојба воо која пристигна на турнирот во Париз.
МВП играчот во НБА лигата од пред една година дефинитивно не личи на играч кој заслужува место во стартната петорка, па во период кога добива сериозни напади во јавноста, со коментар се јави и неговиот дежурен критичар.
Чарлс Баркли никогаш не бил симпатизер на ѕвездата на Филаделфија, но сега му испрати директна порака во пресрет на одлучувачките натпревари во борбата за медали на Олимписките игри.
– Се надевам дека ги чита коментарите и дека ќе се разбуди. Ова се Олимписки игри, нема нешто поголемо во кошарката. Не игра добро и трбеа да сфати дека мора да биде подобар за тимот. Не е во добра форма и затоа се повредуваше во текот на НБА сезоната. Треба да се засрами од начинот на кој игра и како изгледа во моментов.
– Мора да се разбуди и да преземе одговорност, ова што го гледаме на Олимписките игри од него е навистина тажно, – вели Баркли.
-
Лига на шампионипред 11 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 23 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 12 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 22 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 10 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Шпанијапред 12 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Англијапред 22 часа
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……