Поврзете се со нас

НБА

Баркли објасни зошто Клиперс имаат предност во однос на градскиот ривал

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс игра неубедливо во продолжението на сезоната на НБА лигата, а легендарниот Чарлс Баркли смета дека овој тим не може да се носи со градскиот ривал Л.А Клиперс.

Иако во плејофот се очекува помотивиран тим предводен од Леброн Џејмс, Баркли е убеден дека тоа не е доволно.

– Мислам дека Клиперс ќе ја добијат плејоф серијата од неколку причини.

– Прво, тие имаат двајца играчи кои можат да го предизвикаат Леброн и тој ќе треба да ги чува во одбрана, рацете ќе му бидат полни работа со Ленард и Џорџ, а на 35-годишна возраст тоа не е најпосакувана комбинација.

– Мислам дека ќе одлучува Ентони Дејвис, но не знам дали поседува убиствен инстинкт, досега не докажа дека може да биде лидер на Лејкерс. Кога Леброн излегува од игра, нападите на Лејкерс се спори и досадни, а Клиперс постојано ќе имаат некого на теренот меѓу Ленард, Џорџ и Вилијамс. Тие имаат еден играч повеќе кој може да реши натпревар, – изјавил Баркли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни