Баркли го закачаше Дурeнт во врска со Грин: Толку ли е досаден Грин на телевизија колку…(Видео)

Barkli Durant

По завршувањето на еден од историските натпревари на Голден Стејт Вориорс кој успеа да го победи тимот на Хјустон Рокетс со неверојатни 41 поен разлика во третиот натпревар од  финалето на Западната конференција, Кевин Дурант беше поканет на интервју со една од најдобрите ударни коментаторски тројки, поранешните кошаркари Кевин Смит, Шекил О’Нил и Чарлс Баркли.

Кога дојде редот на Баркли да му постави прашање на Дурант, тој место да го праша за неговата маестрална игра, му постави прашање во врска со неговиот соиграч Дрејмонд Грин, кој и не беше толку вкусно.

– Дали навистина е досаден Дрејмонд Грин на телевизија колку што е досаден на теренот? – му постави прашање Баркли на Дурант, а овој воопшто не чекаше и му возврати.

– Ако сакаш симни се во соблекувална и прашај го лично него, – изјави Дурант.

За да ја смират целата ситуација, О’Нил  и Смит се пошегуваа дека ова не е 1988 година кога сите кошаркари кои настапувале во НБА им било страв од Баркли.

Прашањето кое Баркли го упати до Дурант можете да го погледнете на 2 минути и 39 секунди.

Facebook Коментари