Поврзете се со нас

Македонија

Барјактаревиќ ново име во редовите на РК Скопје

Објавено

на

Екипата на РК Скопје продолжува да го составува тимот за натпреварувачката 2022/2023, а најновото засилување е Жарко Барјактаревиќ.

Српскиот интернационалец ја прифати понудата од Скопје и со тоа воедно го продолжи престојот во Македонија со оглед на тоа што претходно настапуваше за Струга и Јуниор Кисела Вода.

Македонскиот прволигаш претходно го назначи Горан Кузманоски за нов тренер, плус беа ангажирани Никола Радовановиќ, Дамјан Јакимовски и кружниот напаѓач Игор Трајковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни