Италија
Барези: Интер е фаворит, но и Милан…

Во Италија се игра четвртото коло во Серија А, коло кое нуди две интересни пресметки од кои поголемо внимание привлекува соочувањето во Милано меѓу Интер и Милан.
Ова е средба која се игра во сабота од 18 часот и е дуел на двата состави кои имаат перфектен старт на кампањата, „три од три“ и вкупно девет бода.
Токму поради ова и поради целото ривалство со нетрпение се очекува соочувањето на „Џузепе Меаца“ за кое имаше што да каже легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Франко Барези.
-Можеби натпреварот пристигнува малку рано за Милан, но ние мора тоа да го прифатиме. Двата тима се во добра форма. Интер секогаш прави да страдаме, па знаеме со какви потешкотии би можеле да се соочиме, но и ние работиме добро и се чувствуваме сигурни. Сите знаеме дека дербито е секогаш непредвидливо. Милан се промени, пристигнаа нови играчи и не е лесно брзо да се прилагодиш во нова лига. Тимот играше добар фудбал досега и сакаме така да продолжиме, -рече иконата на Милан кој смета дека „нероаѕурите“ се фаворити за Скудетото.
-Интер почна силно и знаеме дека има добар состав кој секогаш ни правеше проблеми. Интер е фаворит, но и ние сакаме да станеме фаворити. Таму се и Наполи и Јувентус, ќе биде вистинска битка за титулата. Се надевам дека Милан може да остане конкурентен до крај, а потоа има многу фактори кои можат да влијаат на една сезона, -заклучи Франко за „Скај Спорт Италија“.
-
Шпанијапред 13 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 13 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 14 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 16 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Англијапред 15 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)