Поврзете се со нас

Италија

Барела за главниот проблем на Италија: Тоа е лош знак за нашата игра

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Италија имаше речиси перфектен пат во Лигата на нации и се стремеше да го заврши овој циклус без пораз, но такво нешто не дозволи Франција.

„Триколорите“ им се реваншии на „аѕурите“ и со идентични 3:1 славеа среде Милано, па сега Франција е таа која како првопласирана во групата оди во четвртфинале.

Дел од оваа фаза ќе биде и Италија, но сега тимот на Лучијано Спалети на хартија ќе добие потежок ривал, бидејќи во принцип ќе игра против првопласирана екипа од групната фаза.

– Ова беше тежок меч за нас, Франција е извонреден тим, но ние се боревме до самиот крај. Прекините се наш главен проблем и тоа се повтори и денес. Трите гола од прекин се лош знак за нашата игра, но мора да продолжиме напред и да работиме заедно.

– Ова е уште еден чекор кој мора да го направиме заедно. Разочарувачки е што загубивме, поразот боли, но мора да бидеме свесни од каде дојдовме. Не треба да се заборави дека бевме во далеку полоша ситуација по Европското првенство, сега сме далеку подобри, – изјави Николо Барела.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни