Поврзете се со нас

Италија

Барела: Во ниту еден момент немав дилеми

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Николо Барела денеска парафираше и ја покажа својата верност кон Интер, клуб во кој се обврза да игра во наредните пет години.

Италијанскиот репрезентативец беше еден од клучните играчи на Интер во изминатите две сезони и беше заслужен за големите успеси кои ги оставри тимот, а како актуелен шампион во Серија А, самиот сакаше брзо да го реши прашањето за својата иднина.

Со оглед на тоа што договорот му истекуваше во 2025-та година, Интер мораше брзо да реагира на трансфер пазарот, па операцијата беше комплетирана на три дена пред стартот на Европското првенство.

– Навистина сум многу среќен и горд што ја продолжив верноста кон Интер. Никогаш немав сомнежи околу ова, верувам во проектот на клубот и што е најважно, сакав да потпишам пред Европското првенство.

– Сакав да имам чисти мисли, горд сум и среќен што ќе ги бранам боите на Интер. Сакам да продолжам да растам како играч во овој тим, доживеавме незаборавни моменти, но има уште многу пред нас, – изјави Барела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни