Поврзете се со нас

Свет

Барела со мангупски потег ја потврди победата на Италија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Никола Барела за првпат во својата кариера ја носеше капитенската лента како италијански репрезентативец и такво задоволство му овозможи Лучијано Спалети, селекторот кој најави дека американската турнеја ќе ја искрости за испробување на разни комбинации.

По победата остварена над Венецуела пред три дена, Италијанците денеска добро пројдоа и против Еквадор на средбата која се одигра на „Ред Бул арена“, па вториот запишан триумф сигурно ќе го израдува селекторот кој го подготвува својот тим за Европското првенство.

Триумфот беше најавен со одличен гол на Пелегрини кој биеше извонредно со својата послаба лева нога, а кога се чинеше дека мечот ќе заврши 1:0, на сцена стапи ѕвездата на Интер.

Барела имаше привлегија да биде капитен на националниот тим денеска, па брилијантно издание го зачини со мангупски гол во судиското продолжение.

Николо доби топка во простор од Орсолини во 94-та минута, по што мајсторски и мангупски го матираше противничкиот голман со лоб минијатура.

Погодокот на Барела погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни