Поврзете се со нас

Репрезентација

Барди заработи повреда, неизвесен за јунските натпревари на Македонија

Објавено

на

Foto:twitter.com/Trabzonspor

Енис Барди многу рано го заврши денешниот дуел од последното коло во турското фудбалско првенство меѓу Трабзонспор и Анкарагучу, а причина е повреда која ја заработи уште во првата половина на првото полувреме.

Македонскиот репрезентативец се пожали на повреда на рамото и е повлечен од игра уште во 19. минута, па останува да се сочекаат информации дали се работи за сериозен проблем или замената е направена за да се избегнат поголеми ризици.

Оваа информација не оди во прилог на нашиот национален тим и селекторот Милевски, бидејќи токму Барди е капитен и предводник во средниот ред, па сега е неизвесен за јунските пријателски натпревари.

Македонија на 3. јуни ќе се соочи со Хрватска, а седум дена подоцна гостуваме во Чешка.

Трабзонспор го доби денешниот дуел со 4:2 и ја заврши сезоната на третото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни