Поврзете се со нас

Европски првенства

Барди: Уште еден чекор до големиот сон, ајде браќа, сите сме со вас (ФОТО)

Објавено

на

Членот на шпански Леванте, Енис Барди поради повреда ќе го пропушти вечерашниот натпревар на македонската репрезентација против Грузија во финалето на Лигата на нации.

Ова е меч кој ако го добиеме ќе избориме пласман на Европското првенство, па Барди пред битката во Тбилиси им испрати емотивна порака со поддршка до своите репрезентативни колеги.

-До овде стигнавме затоа што го заслуживме, уште еден чекор пред големиот сон на сите нас. Нема да можам да сум на терен со вас, но ќе навивам до крај и ќе ве дадам поддршка во секоја секунда од натпреварот и ќе ја добиеме уште оваа. Ајде момци, сите сме со вас браќа, -порача Енис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни