Поврзете се со нас

Шпанија

Барди со прва реакција откако постигна гол од слободен удар по 2 години и 3 месеци: Ова не беше случајно (Видео)

Објавено

на

Енис Барди беше најпозитивна вест од натпреварот меѓу Валјадолид и Леванте кој беше одигран денеска во Копа дел Реј, пресметка по која тимот од Валенсија се пласираше во четвртфиналето на најмасовното настпреварување во Шпанија.

Македонскиот репрезентативец беше стрелец на погодокот за 1:1 откако Валјадолид рано стигна до водство, погодок кој беше најава за фантастичниот пресврт на гостите кои на крајот славеа со 2:4 и се пласираа меѓу најдобрите осум тимови во Купот.

Барди изреагира навистина луцидно и во стилот на Роналдињо биеше под живиот-ѕид, одлука со која комплетно ги надитри противничките фудбалери, вклучувајќи го и голманот кој не се помрдна од место.

– Го посветувам овој гол на моето семејство. Не размислував многу за тоа, но навистина долго време немав постигнато гол од слободен удар. Ова не беше случајно, го анализиравме. Со стручниот штаб и соиграчите воочивме дека оставаат многу простор при вакви прекини и ми помогнаа при изборот на удар, – порача Барди кој го постигна првиот гол од слободен удар во Шпанија по пауза од 2 години и 3 месеци.

– Навистина сум многу среќен што бев стартер по незгодната повреда, задоволен сум од минутите кои ги минав на теренот. Ова ми дава сила да продолжам, но најважно е што победивме и што продолжуваме во следната рунда во Купот. Сакаме да стигнеме најдалеку што можеме, – изјави Барди за шпанските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни