Поврзете се со нас

Репрезентација

Барди со мајсторија од слободен удар го најави гол-шоуто на „Тодор Проески“ (Видео)

Објавено

на

Новиот стартен тим на македонската фудбалска репрезентација цврсто тргна со намера да го заборави неуспехот со Грузија, па така во период од само 16 минути потполно го потопи Гибралтар на „Тодор Проески“.

Македонија ретко кога одиграла вакви фуриозни 15-тина минута во Скопје, бидејќи гостинскиот голман дури трипати ја вадеше топката од својата мрежа во овој период.

Енис Барди со мајсторија од слободен удар го најави гол-шоуто во Скопје, испраќајќи неодбранлив шут кој од дирекот заврши на вистинското место.

Ова се случи во четвртата минута, а потоа капитенот на Македонија имаше улога на асистент кога Миовски погоди за 2:0 во 14-та минута.

Новиот стартер во поставата на Милевски погоди доста среќно со глава, а само две минути подоцна, погоди и за 3:0 со својот втор гол.

Македонија игра навистина импресивно денеска во офанзивен план, па создаде уште неколку стопроцентни шанси и во 30-та минута погоди и за 4:0 преку Чурлинов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни