Шпанија
Барди си оди од Леванте, но останува во Ла Лига

Како што стојат работите, македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе си замине од редовите на Леванте.
Заминувањето на одличниот играч од средниот ред нема да биде во јануари, туку во јуни кога неговиот договор ќе истече и тој ќе може да ја промени средината без обесштетување.
Леванте во моментов се наоѓа во незавидна ситуација и до крај грчевито ќе се бори за опстанок во Ла Лига, а доколку истиот не се обезбеди, Барди со сигурност ќе си замине од клубот од Валенсија.
Шпанските медиуми веќе го посочија тимот кој сериозно ќе ја разгледа опцијата за негов ангажман.
Станува збор за Реал Сосиедад, стабилен клуб од Ла Лига кој би можел да остане без услугите на Аднан Јанузај и Давид Силва кои остануваат без договори по крајот на сезоната.
Токму Барди бил посочен како идеално решение за нивна замена, а згора на се на тренерот Иманол Алгуасил му бил потребен играч кој знае да изведува слободни удари и прекини, а во Барди видел квалитети кои се вклопуваат во неговите замисли.
-
АТПпред 15 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 12 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
НБАпред 13 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 15 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона