Поврзете се со нас

Репрезентација

Барди: Сега не гледаат со поинакви очи, многу е важна една работа

Објавено

на

Македонската репрезентација ги прави завршните подготовки за дуелот со Лихтенштајн кој се игра утре во Скопје во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Секако целта е да се дојде до трите бода, во нашиот табор ја прифаќаат фаворитската улога, но во исто време знаат дека тоа ќе треба да го потврдат на националната арена „Тодор Проески“. Повеќе од јасно е дека Лихтенштајн ќе се обиде да освои бод, поточно ќе се брани со сите расположливи сили, па затоа желбата е да се отвори противникот во раната фаза.

-Клучно е натпреварот да го сфатиме сериозно. Покажавме дека можеме да играме со многу силни селекции и за нас секој меч е важен. Ние имаме квалитет, а сега сме и Европско и поинаку не гледаат. Атмосферата секогаш е врвна, кога зборуваме очи во очи сѝ велиме дека уживаме да сме дел од репрезентацијата. Секогаш е тешко да се игра против една екипа се брани. Тешко е да се игра против 11 играчи во одбраната. Многу е важно да се даде гол рано, а потоа ќе видиме како ќе се движи ситуацијата, -вели Енис Барди.

Македонија во првиот меч во овој циклус загуби од Романија во Букурешт со 3-2, а пак селекција на Лихтенштајн беше поразена од Ерменија со 1-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни