Барди се врати од повреда, Леванте потклекна во финишот во Севилја (Видео)

bardi-1

Енис Барди ги пропушти двата квалификациски натпревари на македонската фудбалска репрезентација, но во тој период, ја санираше повредата на мускулот која ја заработи пред нешто повеќе од три седмици.

Офанзивениот играч за врска вечерва не беше во стартната постава на неговиот Леванте, но затоа доби шанса во последната четвртина од средбата на „Санчес Писхуан“, одигрувајќи ги последните 25 минути. Барди беше прва замена на гостите од Валенсија и го доигра натпреварот, но за жал, неговиот Леванте кој одлично се бранеше речиси цел меч, потклекна во самиот финиш.

Лук де Јонг со својот прв гол во Примера донесе голема радост во Севилја во 86-та минута, обезбедувајќи големи три бода за неговиот тим по тешкиот пораз од Барселона пред две недели.

Facebook Коментари