Поврзете се со нас

Шпанија

Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)

Објавено

на

Енис Барди денеска беше потврден како големо засилување за турскиот шампион Трабзонспор, по што и Леванте излезе со официјално соопштение за продажбата на македонскиот фудбалер.

Офанзивниот играч за врска ја носеше „10-та“ во Леванте и беше многу важен за овој тим од Валенсија, во кој мина фантастични пет години, кој за жал на крајот завршија со разочарување и испаѓање во Ла Лига.

Поради квалитетот и статусот кој го има, беше јасно дека Барди ќе си бара нова средина, но Македонецот не ја затвора вратата во иднина да се врати во Леванте бидејќи овој клуб му овозможи да напредува во кариерата.

– После пет години минати во Леванте, денеска кажувам „чао“ на една од најубавите етапи во мојот живот како фудбалер, со надеж дека ова е само довидување. Си одам како „левантиста“, како валенсијанец плус, за сите ќе беше подобро ова „чао“ да дојде во поинакви услови.

– Имам само зборови за благодарност кон клубот за довербата која ја покажа во мене уште од самиот старт и секако за навивачите на Леванте со кои доживеав незаборавни моменти и кои ги чувствувам за блиски. Ти посакувам се најдобро Леванте. Каде и да одиш, имаш навивач плус и тоа од срце, – гласи емотивната порака на Барди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни