Барди: Се повеќе македонски таленти играат за реномирани тимови

enis bardi vs finska

Еден од најдобрите, ако не и најдобриот македонски репрезентативец во моментов, Енис Барди во опширно интервју за унгарските медиуми се осврна за својата досегашна кариера.

„Бомбардерот“ имаше одлична прва сезона во Ла Лига, а неговите голови помогнаа да падне и непобедливата Барселона која единствениот пораз минатата сезона го имаше од Левнате. На тој натпревар Барди постигна два феноменални гола.

Барди меѓу другото се осврна и на репрезентацијата на Македонија за која нагласи дека тајната на рапидниот раст е тоа што во селекцијата дошле многу млади фудбалери.

-Главната причина за растот е тоа што се повеќе македонски таленти играат за реномирани тимови, а се повеќе млади фудбалери добиваат шанса в репрезентацијата. Тоа е тајната на моменталниот успех- коментираше Барди.

Енис Барди веќе има девет настапи за националниот тим на Македонија, а на натпреварот против Лихтенштајн го постигна и првиот гол во репрезентацијата.

Facebook Коментари