Барди и посака добредојде на Андонова во Леванте (Видео)

andonova

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова денеска беше промовирана во новата средина во таборот на Леванте.

Андонова минативе две години ги мина во Барселона, но откако не се договори за продолжување на соработката одлучи да ја прифати понудата на клубот од Валенсија и на тој начин да остане во Шпанија. Денеска таа беше преставена во новиот клуб, а топло добредојде и посака Енес Барди кој како што е познато веќе неколку години е член на Леванте.

-Добредојде во Леванте. Македонија сега е уште повеќе левантиста. Многу среќа, -напиша Барди.

Facebook Коментари