Поврзете се со нас

Шпанија

Барди почна да тренира со групата, треба да биде во комбинација за мечот со Севилја

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди е на добар пат да ја надмине повреда и целосно да се стави на располагање на неговиот тим Леванте.

Барди се повреди играјќи за Македонија во месец септември по што беше неактивен на клупски план, а и го скокна октомврскиот квалификациски прозорец и мечевите против Лихтенштајн и Германија. Сега според информациите кои доаѓаат од Шпанија играчот за врска полека се враќа и веќе тренира со остатокот со екипата што е добар знак за кам-бек на терените.

Првата можност за тоа е неделната средба против Севилја на „Рамон Санчез Писхуан“, средба на која Енис би требало да биде на клупата за резерви и да чека шанса од новиот тренер Хавиер Переира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни