Поврзете се со нас

Лига на нации

Барди по важната победа над Ерменија: Оваа група е исполнета од многу квалитетни луѓе

Објавено

на

Енис Барди беше вистински лидер на теренот на денешниот меч против Ерменија и покажа дека со право е капитен на овој тим, кој денеска успеа да победи против Ерменија и  со 10 играчи на теренот.

Исклучувањето на Зајков ги закомплицира работите за нашиот национален тим, но мајсторијата на Барди од слободен удар ја најави првата победа во новата сезона на Лигата на нации, која потоа беше потврдена од Бојан Миовски за 2:0.

Со овие три бода и оној освоен во Торшавн пред неколку дена, Македонија сега е прва во својата група и со добро расположение ќе го пречека октомврискиот прозорец, во кој ни следат две гостувања кај Летонија и Ерменија.

По извојуваната тешка победа денеска, своите импресии ги искажа капитенот Барди, кој уште еднаш не пропушти да нагласи дека овој македонски тим е составен од големи професионалеци, но и големи луѓе.

– Чувството е многу добро после ваква победа, ова беше тешко извојувана победа. Триумфот е уште попосебен поради црвениот картон во првото полувреме. Ни недостасуваа ситници во првиот дел, но фала му на Бог, успеавме да стигнеме до заслужена победа.

– На овој тим му е потребна поддршка, оваа репрезентација има многу квалитетна групна на играчи, но пред се тоа се квалитетни луѓе и горд сум на нив. Сметам дека тоа е многу важно во животот. Имавме лош старт со Фарски Острови, но можеби поради тој меч да завршиме многу подобро во оваа група во Лигата на нации. Зборувавме за овој меч со Ерменија, ги прифативме критиките, прво јас како капитен. Позитивно одговоривме на тоа и сега одиме само напред, – изјави капитенот Барди.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни