Барди: Ова не се обични пријателски натпревари, ова е подготовка за Лигата на нации

enis bardi dribling vs liht 2017

Македонската фудбалска сениорска репрезнетација ги почнува подготовките за двата пријателски натпревари против Финска и Азербејџан кои ќе ги одигра во Анталија (Турција).

Денеска националниот тим ќе се комплетира, а првиот тренинг е закажан за 16:00 часот по македонско време во „Глорија“ спортскиот центар во Белек. Токму пред овој старт и двата предизвици кои следуваат се огласи членот на шпански Леванте, Енис Барди кој на пресметките со Финска и Азербејџан не гледа на обични контролни средби туку како вистинска подготовка за тоа што за неколку месеци ни следи Лигата на нации.

-Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација, дел од овие момци, навистина е убаво чувството да се биде дел од сите нив, заедно со големи фудбалери како Пандев, Несторовски, Адеми или Трајковски. Првичните впечатоци се одлични, но ние сме тука да се подготвиме за нашата најважна работа оваа година, а тоа се натпреварите кои можат да ни донесат пласман на Европско првенство. Мораме да бидеме на високо ниво, ни следуваат два контролни натпревари, но за нас не се обични пријателски дуели, туку начин да што подобро да се подготвиме и тактички и технички за битните натпреаври кои ни следуваат. Ќе дадеме се од себе оваа репрезентација да напредува. Ние сме многу добра репрезентација, треба да се подготвиме и психолошки за предизвикот кој го носи Лигата на нации, а овие натпревари против Финска и Азербејџан ќе ни послужат да го подобриме и тој момент, -рече Барди.

Facebook Коментари