Поврзете се со нас

Шпанија

Барди: Ова е заслужена победа, по мојот гол…

Објавено

на

Леванте ја оствари првата победа во „корона ерата“, односно откако се врати фудбалот во Шпанија. Клубот од Валенсија славеше со 3-1 над Еспањол, победа во која директно влијание имаше нашиот Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец погоди во вистинско време за водство од 2-1 во 67 минута по што на гостите им беше многу полесно и до крајот со автоголот на Педроса ги потврдија трите бода.

Мајсторија: Барди ја измеша одбраната на Еспањол и го матираше Лопез (ВИДЕО)

-Целиот тим одигра добар натпревар. Страдавме во одредени моменти, ама ја имавме топката. Ова е заслужена победа. Во второто полувреме бевме малку притиснати, но ние ја имавме целосна контрола над натпреварот, тие немаа јасна, чиста шанса. Играме по долга пауза. По мојот гол, тимот доби самодоверба за да победи, -истакна Барди кој беше прогласен за МВП на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни