Поврзете се со нас

Репрезентација

Барди отпадна од комбинација, Македонија без капитенот на натпреварите против Хрватска и Чешка

Објавено

на

Енис Барди е клучен фактор во македонската фудбалска репрезентација и како играч со таков статус ја доби капитенската лента, па иако секогаш стои на располагање на тимот, овојпат играчот за врска нема да може да и помогне на селекцијата.

Денеска пристигна информација дека Барди и дефинитивно ќе ги пропушти претстојните два теста во месец јуни, односно натпреварите со Хрватска и Чешка.

Енис заработи повреда на последниот меч од турското фудбалско првенство против Анкарагучи, а по направените лекарски прегледи, утвррдено е дека се работи за понезгоден проблем со рамото.

– Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди поради повреда заработена на последниот натпревар за својот клуб Трабзонспор, не е во можност да се стави на располагање на македонската А репрезентација за натпреварите против Хрватска и Чешка. Истегнување на лигаментите на зглобот на десното рамо е повредата здобиена на мечот од последното коло во турското првенство која го спречува нашиот репрезентативец да биде дел од подготовките и контролните натпревари кои ни следуваат.

– Енис Барди веќе ја започна рехабилитацијата, но за жал не е во можност да биде дел од тимот на Македонија за натпреварите на 3. јуни во Ријека против Хрватска и на 10. јуни против Чешка во Храдец Кралове. Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски барем до овој момент нема да повикува дополнителен фудбалер како замена за Енис Барди. Денеска македонската репрезентација ќе одработи два тренинзи, утринскиот од 10:00 часот и попладне од 18:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, – гласи објавата на ФФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни