Шпанија
Барди објасни зошто Меси е недопирлив: Навистина го респектирам Роналдо, но Лео е посебен
Енис Барди веќе трета сезона настапува во најсилното шпанско фудбалско друштво, но и самиот тој се уште не може да поверува дека веќе минаа три години откако направи трансфер од Ујпешт во Леванте.
Македонскиот репрезентативец го порача ова во онлајн интервјуто кое го имаше за еден познат унгарски спортски медиум, во кое говореше и за други актуелни фудбалски теми, но и за корона паузата која предизвика вистински колапс во цел свет. Барди вели дека за него не е новост што минува сам во својот дом, но потенцира дека одземањето на слободата поради рестриктивните мерки го доведува до лудило.
Како и сите други фудбалери, Барди едвај чека да се врати на секојдневната рутина и тренинзите со своите соиграчи, а во интервјуто се огласи и на вечната тема која никогаш не излегува од мода меѓу светските медиуми.
Офанзивниот фудбалер направи своја споредба меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, ставајќи ја во прв план аргентинската суперѕвезда која настапува за Барселона.
– Навистина го респектирам Роналдо, станува збор за играч кој направи многу за фудбалот. Но, за мене, Меси е најдобар на сите времиња. Поседува неверојатен талент и секогаш е два чекори пред другите на теренот и тоа го прави посебен. Додека Роналдо беше во Шпанија, тој имаше ривал, сега никој не е ниту близу до неговото ниво во шпанскиот фудбал, – потенцира Барди.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити