Поврзете се со нас

Италија

Барди на излезени врати од Трабзонспор, клуб од Серија А доставил прва понуда за македонскиот капитен

Објавено

на

Енис Барди стави крај на својата втора сезона во Трабзонспор и се избори за навистина добри и пристојни бројки, а привлечните партии на македонскиот репрезентативец очигледно се следат и во доста поатрактивни лиги од турската.

Капитенот на македонската репрезентација се поврзуваше со заминување уште по првата сезона во Трабзонспор поради лошата финансиска состојба на клубот, но по се изгледа, ова лето е многу поблиску до реализирање на таа операција.

Турските медиуми јавуваат дека клубот ќе ги слуша сите понуди за својот играч за врска и дека е подготвен да се ослободи од услугите на Барди, кој наводно на маса веќе има една интересна и атрактивна понуда од Италија.

Македонските фудбалери во блиско минато покажаа дека знаат да бидат добар спој со италијанската Серија А, па носејќи се по оваа традиција, Торино почнал да се распрашува за Барди и веќе воспоставил први контакти за трансфер.

Италијанскиот клуб доставил понуда на маса и е подготвен да преговара за услугите на офанзивниот играч за врска, чиј договор со клубот од Трабзон истекува наредната година.

Токму поради тоа, се верува дека шансите за трансфер се уште пореални, бидејќи ова ќе биде последна шанса за Трабзонспор да заработи нешто од македонскиото фудбалеер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни