Поврзете се со нас

Лига на нации

Барди: Мора да бидеме паметни и трпеливи, очекувам многу поголема поддршка од навивачите

Објавено

на

Македонија го обезбеди првото место во својата група во Лигата на нации и обезбеди пласман во Б дивизијата, но овој циклус не е завршен, не очекува уште еден меч против Фарски Острови на домашен терен, натпревар кој сакаме да го добиеме.

Се работи за единствениот противник кој ги откина бодови во конкуренцијата и тоа два на средбата во Торшавн.

На тој дуел Енис Барди беше стрелец на единствениот погодок за нашата селекција (1-1), па токму капитенот ја повика публиката да дојде до што поголем број на националната арена „Тодор Проески“ и сите заедно да оствариме и прославиме триумф кој може да биде значаен за во иднина.

-Да бидеме паметни и трпеливи. Треба да уживаме пред нашите навивачи и се разбира, одиме на победа. Публиката е наш 12-ти играч, очекувам многу поголема поддршка на утрешниот меч, -порача Барди.

Мечот се игра од 15 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни