Поврзете се со нас

Шпанија

Барди: Многу сум среќен поради голот, покажавме дека можеме да се надигруваме со најдобрите

Објавено

на

Екипата на Леванте остана непоразена во пресметката против Атлетико Мадрид во заостанатиот меч од Примера, резултат во кој директна улога имаше нашиот репрезентативец Енис Барди.

Барди беше човекот кој го отвори резултатот на натпреварот во Валенсија по што потоа стрелаше Љоренте за конечни 1-1. Ова за Енис беше прв гол во Примера во оваа кампања, севкупно втор со оглед на тоа што на крајот на јануари погоди против Валјадолид во Копа Дел Реј.

-Ова беше тежок меч кој дојде по поразот од Осасуна на домашен терен. Ама сепак покажавме дека можеме да се надигруваме со најдобрите, освоивме бод и задоволни ќе одиме дома.

-Многу сум среќен поради голот, не играв долго време. Многу сум среќен што му помогнав на тимот да го освои овој бод, -истакна Барди.

Сега пред Леванте е нов меч против Атлетико и тоа во Мадрид на 20 февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни