Барди и компанија го потопија Бетис, „Ел Команданте“ Моралес постигна гол за паметење (Видео)

morales

Тимот на Леванте на идеален начин ја отвори сезоната во Примера и тоа со гостинска победа над Бетис од 3-0.

Во главна улога беше капитенот на гостите од Валенсија, Хосе Луис Моралес кој беше стрелец на два гола од кој едниот уште од сега можеме да кажеме дека ќе биде во конкуренција за најдобар во натпреварувачката 2018-2019.

„Ел Командате“ Моралес во 54 минута го претрча скоро целиот терен, посрамоти неколку противнички играчи пред да ја смести топката во мрежата на голманот Лопез.

Нашиот Енис Барди беше дел од составот на Леванте и ги одигра сите 90 минути.

Facebook Коментари